Don't Miss
Home / Избори 2021 / Благодарност до битолчани од Коалицијата Одлучно

Благодарност до битолчани од Коалицијата Одлучно

Почитувани пријатели,

На последниот ден од оваа кампања, сакам да ја изразам, од името на целата советничка листа на Движењето ОДЛУЧНО, огромната благодарност за одличниот прием, и гостопримливоста која ја имавме од сите граѓани на Битола.

На сите нив им ја објаснивме нашата цел и нашата желба за подобра Битола, Битола како зелен и чист град.

Стигнавме насекаде, до секое семејство, до секој битолчанец.

Заеднички е впечатокот, дека понудивме најквалитетна листа, најдобра, остварлива, програма и зборувавме за релани проблеми.

Нашите пет постулати, современа и ефикасна кампања, бизнис сектор како партнер, користењето на европските фондови, чист и зелен град, и туризам и спорт, го привлекоа вниманието на нашите сограѓани.

Некои ни забележаа за нашата мирна, позитивна и фер кампања.

Нашето мислење е дека имиџот и рејтингот, не се создаваат во 20 дена кампања, туку е тоа континуирана, посветена, чесна работа  во текот на целиот животен век.

Чесно и домаќински, ќе работиме и во наредните години, затоа што поинаку не знаеме, ниту сакаме да работиме.

12 години бевме опозиционери, и четири години власт. Во цел овој период докажавме дека личните интереси ни се во втор план, и дека сакаме да работиме за општото добро.

Горди сме на постигнатите резултати и учествувавме во носењето и спроведувањето на одлуките за Градскиот пазар, за Офицерски, за градскиот стадион, за Обиколницата, за Илинденска и Партизанска, за Тодор Ангелевски и Кирил и Методиј, за набавката на новите минибуси и спортската сала, и за многу други работи во минатиот период.

Ќе учествуваме и во проектите за наредниот период и ќе учествуваме во изградбата на Новото лизгалиште, велопатеките, Енергетско-ефикасните фасади на старите згради, на Аква паркот, на новите патеки за екстремни спортови на Смолево.

Она што го најавивме пред неколку месеци, во недела ќе го реализираме, а тоа е дека ќе бидеме најголемото изненадување на локалните избори. Ама изненадување за непознавачите, а не за познавачите на политичките прилики во градот.

На почетокот рековме дека не влегуваме во битка за да учествуваме, одиме чекор по чекор. Во недела влегуваме во втор круг, за на 31 да славиме голема победа и ОДЛУЧНО да добие градоначалник на Битола.

Ги повикуваме сите граѓани на масовно гласање и гласајќи за борјот 2, гласаат за чесност, за одлучност, за желба за нова политичка карта на Битола, и намалување на центрите на моќ.

Во недела го очекуваме Вашиот глас, а ние ветуваме, дека ќе ви возвратиме со резултати

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*