Во врска со резултатите постигнати во првиот изборен круг, кандидатот на СДСМ за градоначалник, Христо Кондовски на прес конференцијата изјави:
-Почитувани мои сограѓани,Ви честитам за мирниот, фер и демократски избирачки ден кој беше олицетворение на сиот изборен процес што го водевме заедно со вас.Им честитам на сите учесници на овие избори кои излегоа на мегдан пред граѓаните и на сите избрани членови на Советот во Општина Битола, рече кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата Христо Кондовски.
-Од се срце ви благодарам за големата изразена поддршка до мене како кандидат за градоначалник и поддршката за нашите советници.Изборните резултати даваат одлична основа за победа во вториот круг кој е веке извесен и во кој најавувам повторно позитивна и прогресивна кампања.
Во вториот изборен круг најавувам локално обединување на сиот коалициски потенцијал кој сега беше разлеан на повеке страни, но и позитивен поттик на излезност на сите кои денес од различни причини не излегоа на гласачките места.Драги битолчани, ве уверувам дека ке имаме заедничка победа која ке ви припаѓа вам и на нашата Битола!”, рече Кондовски.