Don't Miss
Home / Вести / Поради енергетската криза СН Осигурителен Брокер ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата

Поради енергетската криза СН Осигурителен Брокер ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата

СН Осигурителен Брокер АД Битола од синоќа ги исклучи светлечките реклами во 40 експозитури низ државата.

На овој начин оваа компанија се приклучува на иницијативата за заштеда на електрична енергија поради енергетската криза.

Светлечките реклами во седиштето и подружниците на СН Осигурителен Брокер на 40 локации низ државата ќе останат исклучени во период од 30 дена, односно за време на прогласената кризна состојба во енергетскиот сектор.

Со овој гест, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ја поттикне и јавната свест за потребата од одговорно и рационално користење на електричната енергија, со што се дава придонес и во заштитата на животната средина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*