Don't Miss
Home / Вести / “Рицарски крст“ на Полска за библиотекарката Марија Малгожата Мачковска

“Рицарски крст“ на Полска за библиотекарката Марија Малгожата Мачковска

Библиотекарката на  НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола Марија Малгожата Мачковска ја доби престижната награда „Рицерски крст – Орден за заслуги на Р. Полска“ од претседателот на Полска Анджеј Дуда.

         -Секогаш ме исполнува со гордост кога слушам дека моите сонародници придонесуваат за градење на просперитетот на другите земји, за нивниот развој , рече претседателот на Полска Анджеј Дуда.

        Марија Малгожата Мачковска е претседател на огранокот на Друштво за македонско – полско пријателство и соработка „Висла“. Таа е креатор, организиратор на традиционалниот концерт „Шопенова вечер“ кој се одржува веќе 28 години во општина Битола со соработка со Државно музичко училиште – Битола и Амбасада на Р. Полска во Скопје, организатор на разни културни манифестации, иницијатор на соработка на културна соработка помеѓу двете држави.

Инаку оваа престижна награда “ Рицарски крст “ се доделува уште од 1923 година на лица кои и дале заслуга на државата или на граѓаните со извршување на дела што го надминуваат опсегот на нивните вообичаени должности, кои носат значителна корист за државата или граѓаните, јавна посветеност и добротворни цели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*