Општина Новаци успешно го реализира седмиот по ред проект од Програмата Општинско корисна работа 2021/2022 година „ Ранливи категории 2 “ .
Станува збор за 9 месечен проект преку кој се ангажирани двајца дефектолози- логопеди за работа со децата од ЦOУ„ Славко Лумбaрковски“ и детската градинка „ Бамби“ од Новаци.
„Општинско корисна работа е програма кои ја реализираме години наназад а оваа година сме насочени кон работа со говорот на дечињата од училиштето и детската градинка.Во овие два месеци од кога започнаа со работа логопедите вклучени се вкупно 21 дете од кои 12 женски и 9 машки. Општина Новаци проектот го реализира во соработка со UNDP, Агенцијата за вработувaње и Министерство за труд и социјална политика.“ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
„Општинско корисна работа“ претставува програма која на тешко вработливите лица им нуди можност за социјално вклучување преку работни ангажмани со скратено работно време.
„ОКР во Општина Новаци е присутна 13 – 14 години и се радувам што соработката продолжува и понатаму. Со градоначалникот разговаравме за идните чекори продлабочување на соработката, проширување на позиции за следниот повик во ангажирање на образовни асистенти за средно училиште, грижа на стари и изнемоштени лица,купување на храна, лекови, воспитувачки и негователки во детски градинки , негователи на лица со попреченост и сл.“ рече Наумче Ташовски, координатор на програмата ОКР од УНДП.
Досега Општина Новаци успешно реализирала шест проекти во состав на оваа програма:Проект „Неформално образование на жените албанки“ – 2013 година,Проект „Растеме и учиме заедно “ во 2014 година, Проект „Растеме учиме заедно II “во 2015 година, Проект „Учиме заедно“ во 2017 година, Проект „Учиме заедно II“ во 2018 година и Проект „ Ранливи кагориии “ во 2019 година.