Don't Miss
Home / Вести / Отворен ден на градоначалникот Коњановски со битолчани

Отворен ден на градоначалникот Коњановски со битолчани

Голем број идеи, предлози, барања и проблеми, беа дел од денешниот прв отворен ден за средба на граѓаните со градоначалникот Тони Коњановски и раководителите на секторите и одделенијата во општина Битола.

Веднаш по објавувањето на информацијата за отворен ден, средба со градоначалникот во општината побараа над 100 граѓани. За дел од барањата каде беше можно брзо делување на општинската администрација, веднаш беше постапено.  Некои граѓани добија насоки за понатомошно делување во врска со одреден проблем со кој се соочуваат, а за одредени идеи и предлози ќе биде разгледана можноста за вклопување и реализација, согласно општинските годишни програми.

Граѓаните кои имаа потреба да остварат директна средба со градоначалникот, доаѓаа во одредениот период, согласно организацијата, според протоколите за заштита од КОВИД 19.

Целта на овој вид средби е да се согледаат приоритетите, идеите и проблемите од областа на комуналната сфера, образованието, социјалата, просторното уредување, инспекциската надлежност и сè она што е дел од работата на општинските служби.

Градоначалникот Коњановски, ќе практикува постојана комуникација со граѓаните, покрај со средби во општината и со директна посета на терен, во урбаните и месните заедници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*