Don't Miss
Home / Вести / ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј

ЕБРД ја нотира успешната реализација на соларната електрана Осломеј

        Европската банка за обнова и развој на својот Твитер профил објави кратко видео од фотоволтаичната електрана во РЕК Осломеј со порака дека овој реномиран партнер на огромен број македонски компании е горд што е пионер во иновациите во Северна Македонија.

        – Горди сме што сме пионери во зелените иновации во Република Северна Македонија, каде првата соларна електрана во земјата ја заменува исцрпената термоелектрана во Осломеј”, стои во пораката на Твитер профилот на Европската банка за обнова и развој која учествуваше во изградбата на фотонапонската централа во Осломеј со 5,9 милиони евра. АД ЕСМ во оваа инсталација вложи 1 милион евра сопствени средства.

        Во кругот на РЕК Осломеј, на локацијата на исцрпениот рудник за јаглен, во близина на првата фотоволтаична електрана од 10 МЊ, АД ЕСМ се подготвува за нова инвестиција од по најмалку 40 МЊ до најмногу 50 МЊ. И таа инсталација ќе биде по принципот на јавно-приватно партнерство, при што АД ЕСМ ќе биде јавниот партнер.

        Во соработка со Европската банка за обнова и развој, АД ЕСМ ќе инвестира во изградба и на фотонапонски електрани во Битола. Првата ќе биде со инсталирана моќност од 20 МЊ, со просечно годишно производство од 32 ГЊх. ФЕ Битола 2 ќе биде со инсталирана моќност од 40 МЊ, со годишно производство од 70 ГЊх и проценета вредност од 30 милиони евра, за коишто капацитети веќе се направени пресметки за идно производство, одредено е земјиштето и завршени се студиите за приклучок. Проектот ФЕ Битола 3, пак, е со инсталирана моќност од 100 МЊ, со годишно производство од 170 ГЊх, и проценета вредност од 70 милиони евра.

АД ЕСМ изминатите три години постојано работи на проекти за зголемувањето на учеството на обновливите извори на енергија во вкупното производство на електрична енергија во Република Северна Македонија, со што државата е препозната како лидер во регионот по напорите за преминување кон нискојаглеродна економија.

Паралелно, заради актуелните случувањата во енергетскиот сектор на глобално ниво, АД ЕСМ ги става на располагање и во функција сите свои капацитети за успешно справување на земјата со енергетската криза, се вели во соопштението на АД ЕСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*