Акции за чистење и пошумување, организирање на обуки за младински активизам , аплицирање на проекти од странски донатори, спортски настани и слично се само дел од активностите кои младите од Општина Новаци му ги предложија на градоначалникот на Општина Новаци на денешната средба.
– Mладите се центарот на случувањата, јадро за развој и напредок на сите развиени држави. Младите се тие кои со својата енергија работаат по неколку работи истовремено отвораат startup бизниси и помагаат на државата да креира раст и да ги зголеми приходите во државната каса. На тој начин сами си ја креираат иднината на својата држава и ги обезбедуваат своите пензионерски денови.Токму затоа институциите мора да почнат да ги гледаат младите како важни фактори во рамките на општествените процеси и креирањето на политики. Денеска со младите од Општина Новаци разговаравме за начинот на нивно делување, формирање на младински центар во општината како и конституирање на нов совет на млади затоа што на веќе постоечкиот му е веќе истечен мандатот. Во следниот период ќе ги следиме сите законски процедури за овие две работи да бидат реализирани. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.