Денеска битолчани со песна, празнична топлина и Бадникова поворка на Широк Сокак го одбележаа големиот христијански празник Бадник.
-“Вечниот Бог“ испеана од многубројните учесници во Бадниковата поворка, силно одекна на сите страни, ширејќи ја радоста за големиот празник кој доаѓа.
Градоначалникот на Битола, кој беше на Широк Сокак, Тони Коњановски, честитајќи им го Бадник, на младите гласници и на сите учесници во Бадниковата поворка им посака многу здравје, љубов и среќа.