Една традиција, која екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска од само за неа познати и неразбирливи причини ја прекина, повторно е обновена.
Актуелниот градоначалник на Битола, д-р Тони Коњановски на истекот на Старата 2021 и дочекот на Новата 2022 година им приреди вечера на битолските новинари и дописници.
На средбата со новинарите Коњановски истакна во неговиот мандат ќе се залага за транспарентност во раководењето со Општината и изјави дека секогаш ќе биде отворен и достапен за новинарите и медиумите.
Новинарите од Битола ја искористија средбата да го запознаат градоначалникот на Битола,д-р Тони Коњановски со проблемите со кои тие секојдневно се среќаваат во работењето.
Тој искажа подготвеност во границите на законските прописи и своите овластувања и ингеренции да се заложи за решавање на проблемте на медиумите и новинарите, бидејки тие се и те како важни за професионалното, точно и навремено информирање на граѓаните на Битола.