Don't Miss
Home / Вести / ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија

ЕСМ-Енергетика непречено испорачува топлинска енергија

АД ЕСМ, подружица ,,Енергетика”, врши непречено снабдување со топлинска енергија на корисниците во Скопје, приклучени на топловодната мрежа на Енергетика. Испораката на топлинска енергија е континуирана и се врши согласно мрежните правила.

Од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ, раководството на ,,Енергетика” и експертски тимови се следи состојбата со енергенсите на светско и домашно ниво, со оглед на вртоглавиот раст на цената на природниот гас, кој се користи како основен енергенс во производството на топлинска и електрична енергија во ,,Енергетика”и истиот е навремено обезбеден.

Преку АД ЕСМ-Енергетика со парно греење се снабдуваат околу 3500  домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки  и 75 деловни субјекти во скопските населби Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Дежурни екипи се на располагање 24 часа за време на грејната сезона, како и служба за корисници и пријава дефекти со контакт 02/3104 816 и 071/313-405 се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*