Don't Miss
Home / Вести / Битолчани почнаа да поднесуваат барања за проценка на штетите од земјотресите

Битолчани почнаа да поднесуваат барања за проценка на штетите од земјотресите

        Денеска на  шалтерите во Општината  Битола битолчани почнаа да поднесуваат барања за проценка на штетите од земјотресите.

Врз основа на доставените барања, комисијата од Општина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.

Барањата можат да се доставуваат до среда 26.01.2022 .

        Инаку општинските власти побараа  во обештетувањето на штетите на битолчани да се вклучи и Владата, од која побараа да одржи итна седница, на која би била разгледана состојбата во Битола по серијата земјотреси.

        Иако последните денови Битола постојано ја тресат серија земјотреси со различна јачина, сепак за среќа засега нема ни жртви ни повредени лица од првиот силен земјотрес со јачина од 5,5 степени, а не се предизвикани ни големи материјални штети.

        Но  серијата земјотеси во голема мера го нарушија мирот и спокојот на битолчани, кои по Новогодишните и Божикните празници покрај стравувањето од земјотресите стравуваат и од драстичното зголемување на бројот на заболени од Ковид 19, кој се искачи дури на 226 новозаболени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*