Група љубители на ракометот од Битола, денеска доцна попладнево околу 17,30 часот заминаа за градот Дебрецен, Унгарија за да ја бодрат селекцијата на Македонија во натпреварот со Словенија.
За Унгарија заминаа околу 20-тина навивачи со комбе и три патнички возила, кои се присутни на сите големи ракометни натпревари на репрезентацијата.
Меѓу навивачите заминаа и екс претседателот на Советот на Битола, Валентин Груевски, кој редовно ги следи сите големи натпревари на македонската ракометна репрезентација.
На ова Европско првенство Македонија се наоѓа во мошне тешката група А која ја сочинуваат Данска, Македонија, Словенија и Црна Гора.