Don't Miss
Home / Вести / Наташа Петровска најави кандидатура за локален лидер на СДСМ

Наташа Петровска најави кандидатура за локален лидер на СДСМ

        Екс градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која не ја доби довербата на партијата да се кандидира за втор градоначалнички мандат на Битола, најави кандидатира за локален лидер на Општинската организација на СДСМ.

        Според извори на порталот на Битолски весник, Петровска, која  пред локалните избори му се налути на сега веќе екс лидерот Зоран Заев и која јавно не ја поддржа кандидатуарата на Христо Кондовски, а според одредени шпекулации, со своите приврзаници тајно    агитираше  Кондовски да загуби на изборите најавила дека ќе кандидира на претстојните  внатрепартиски избори да застане на чело на партијата.

        Интересно е како партиското членство ќе ја прифати кандидатурата на Петровска, која  по заминувањето од градоначалничката функција во бројни јавни настапи тврди дека иако таа имала најголем рејтинг непринципелно била елиминирана од трката за втор мандат.

        Притоа таа изгледа заборави дека членството неа не може да и прости што таа  со своите подземни игри му нанесе огромна штета на партијата и беше една од главните виновнички за поразот на СДСМ на локалните избори.

        Но добро е што Наташа Петровска се охрабри да излезе на претстојните внатрепартиски избори и да се увери колкава доверба ужива кај членството на СДСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*