Don't Miss
Home / Вести / Денес последниот ден за доставување кандидатури и програми за лидер на СДСМ

Денес последниот ден за доставување кандидатури и програми за лидер на СДСМ

                    

        Денескa  понеделник на 31 јануари и официјално истекува  рокот за поднесување на кандидатури за избор на претседател на Општинската организација  на СДСМ Битола.

Иако на почетокот на  предизборната кампања многумина пројавија желба и амбиции да седнат на  претседателската фотелја, сепак до денеска кога е крајниот рок за поднесување кандидатури, многу помалку  кандидати  се охрабрија да поднесат свои кандидатури и програма за тоа како размислуваат да ја водат партијата.

Според неофицијални информации на Битолски весник кандидатури поднеле екс директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски, Гого Видимче, Драган Крајовски, Зоран Стојчевски и Горан Козаров.

Иако најавуваше своја кандидатура од трката како што дознаваме се откажала Наташа Петровска.

Своите кандидатури и програми сите кандидати требаше да ги поднесат до претседателот на партијата до денеска  31 јануари.

        Внатрепартиските избори, кои започнаа на 17 јануари, по одлуката на Централниот одбор на партијата донесена на 10 јануари  за распишување на внатрепартиските избори, се заокружија на 21 јануари.

        Членовите на СДСМ имаа четири дена да ги предложат кандидатите за кои сметаат дека треба да бидат на чело на партијата во наредниот период.

        Во изминатите денови на состаноците за внатрепартиските избори на кои се предлагаа и евидентираа кандидатите , според извори на Битолски весник предложени биле  голем број кандидати.

        Со оглед на тоа  што секој еден член на партијата имаше право да предложи (свој)  кандидат, или било кој кандидат да се самокандидира, бројот на предложените кандидати беше мошне голем.Но подоцна како што  дознаваме ентузијазмот ги напуштил многумина, па некои од предложените кандидати се откажале од номинацијата и одбиле да достават програма за водење на партијата.

        Тоа што е познато е дека меѓу  предложените кандидати за претседател на партијата нема многу нови имиња, туку дека најголемиот број од предложените кандидати  им се веќе познати  не само на членовите на СДСМ  туку и на битолчани.

        Колку од нив ќе останат во трката  и колку ќе бидат елиминирани од Централата останува да се види.

Но тоа што се знае  е дека во СДСМ веќе почна лобирањето за” своите “ кандидати и дека битката за лидерската функција ќе биде жестока.

Без разлика на тоа кој ќе биде избран за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола, нема да има лесна задача.

Напротив на новиот лидер ќе му претстои макотрпна работа  да ги смири закарантие страни и да го врати единството кај членството во партијата, кое повеќе од очигледно е дека е разединето.

Многу работа, труд и енергија ќе му треба и на лидерот Димитар Ковачевски да ја врати довербата на членовите на  партијата во новиот лидер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*