Don't Miss
Home / Вести / Поскапи такси превозот во Битола

Поскапи такси превозот во Битола

Советниците на Советот на Битола со мнозинство гласови го прифатија барањето на  Здружението на лиценцирани такси превозници од градот за покачување на такси превозот.

Со ваквата одлука  тарифата на такси превозот во Битола поскапи за 5 денари,  така што во иднина стартот со пресметан еден километар ќе чини 60 денари, а за секој следен километар ќе се плаќа 25 денари.

Причините за поскапувањето на такси превозот се поскапувањата на горивото, резервните делови, поскапата регистрација за лиценцирани возила, недостигот на возачи, нелојалната конкуренција и друго..

– Порано беше старт и километар 30 и 20  ден. Односно превозот чинеше 50 денари, а сега ќе чини 60 денари.

 Како такси превзоници се  соочуваме со  големи проблеми, а имаме недостаток на возачи, Работиме 28 до 30 денови во месецот за да ги платиме давачките, меѓу кои и фирмарини  ид која таксистите во сите други градови се ослободени,а  ние плаќаме. Таксистите се согласија  да нема ноќна или празнична тарифа, рекоа од Здружението на лиценцирани такси превозници на денешната седница на Советот.

         На седницата советниците на опозицијата побара субвенционирање на такси превозот во градот и засилени котроли од страна на комуналните инспектори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*