Истражен судија му одреди 30 дена притвор на битолчанецот Стевче Зика, кој упатил пишани закани до двајцата обвинители Љубомир Јовески и Вилма Русковска, но и до американски дипломати.
Tој е осомничен за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Заканувачот е уапсен вчера, а по разговорот со него и по извршеното графолошко вештачење од страна на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења, утврдено е совпаѓање на обезбедениот ракопис од него и ракописот во напишаните заканувачки писма.