Иако себеси се сметаше за апсолутна фаворитка на внатре партиските избори во СДСМ, која наводно ја има(ла) апсоултната поддршка на членството, според добри информирани извори на порталот на Битолски весник, екс градоначалничката на Битола, Наташа Петросвка се откажала од трката за лидер(ка ) на Општинската организација на СДСМ, Битола.
Иако таа беше предложена од неколку месни организации, откако и станало јасно дека ја нема поддршката од членството Наташа Петровска се откажала од кандидатурата.
Со тоа паднаа во вода сите нејзини глаголења дека неа членството ја поддржувало и почитивало и дека доколку се кандидираше на изборите ќе победела уште во првиот круг.
Сега, откако Петровска ја сфати дека нема поддршка од членството и дека таа со своето однесување пред изборите и за време на изборите му нанесе огромна штетата не само на кандидатот за градоначалник, Христо Кондовски, туку и на партијата, Наташа Петровска конечно ке сфати дека таа е политичка историја за СДСМ и градот.