Don't Miss
Home / Вести / “Цермат “ најави изградба на нова фабрика за сладолед и замрзнати десерти

“Цермат “ најави изградба на нова фабрика за сладолед и замрзнати десерти

       

        Само што градоначалникот  на Битола Тони Коњановски најави  дека  Општината почна со подготовки за измени на Генералниот урбанистички план,  се јавија заинтересирани инвеститори  за реализации на нови инвестиции.

        Така фирмата за производство на сладолед “ Цермат “ од Битола   најави изградба на нова фабрика.

Директорот на фабриката, Зоран Ристевски за време на денешната средба го информираше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски дека веднаш по донесувањето на новиот ГУП, како и потребниот детален урбанистички план, ќе бидат создадени можности за реализација на новата инвестиција и изградба на нова фабрика за сладолед и замрзнати десерти.

Инвестицијата ќе биде  во вредност од 14.350.000 евра и ќе се  реализира во две фази, а во планирањето и изградбата ќе бидат вклучени европски експерти за екологија.

Проектот на ДОО “Цермат“ Битола за оваа инвестиција е одобрен и поддршан од Европската банка за обнова и развој, а неговото спроведување во делот на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, предвидува изградба на пречистителна станица и своја енергетска постројка која ќе работи на природен гас. Емисијата на СО2 ќе се намали со додатна инвестиција во фотоволтаици од 2,5 мегават часа, изјави  директорот на “Цермат “ Зоран Риствски.

Поздравувајки ја иницијативата на “ Цермат “ градоначалникот Коњановски изјави дека токму во оваа насока, новиот генерален урбанистички план на општина Битола, согласно законската регулатива ќе овозможи делување според реалните потреби на градот од аспект на планирање на намени на површини, сообраќајна и друга инфраструктура, планирање на мерки за заштита на природното наследство и животната средина, заштита на природата, озеленување на населбите и други мерки за остварување на целите на планирањето.

На овој начин, ќе се елиминираат долгогодишните маки на инвеститорите, кои и покрај финансиската и проектната подготвеност, не можеа да ги реализираат своите инвестиции.Економскиот развој на општината е директно поврзан со условите кои ги создава локалната самоуправа од урбанистички и инфраструктурен аспект со цел создавање можности за нови инвестиции и отворање на нови работни места, изјави  градоначалникот Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*