Со проектот „Смарт кул тур” преземени се чекори за развој на туризмот во Битола и Корча преку реновирање на музејската поставка во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, овозможување пристапност за лицата со посебни потреби до театарот и видиковецот во Хераклеја, развиен е повеке-јазичен аудио водич за археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис негова виртуелна и проширена реалност, поставување постојана поставка во Музејот „Стерјо Спасе” во с. Глобочани, Општина Пустец.
Ова беше речено на завршниот настан на Проектот „Смарт кул тур”, кофинансиран од страна на Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, а во рамките на вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Албанија, каде општина Битола беше водечки партнер.
-Со овој проект, извршено е подобрување на пристапноста до археолошкиот локалитет Хераклеја, но и инфраструктурно уредување во самиот локалитет. Преземени се чекори кои го поттикнуваат развојот на туризмот во регионот Пелагонија – Корча со реализирани повеке инвестиции, а истовремено се создава можност за промоција и заштита на културното и природното наследство.Како локална самоуправа, не застануваме тука и веке работиме на повеќе проектни апликации, за кои очекуваме поддршка од европските фондови, во различни области кои ке овозмозат подобрување на условите за живот во нашата општина, посебно во областа на животната средина, енергетската ефикасност, културата, туризмот и други области-рече во своето обраќање градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на завршната конференција.
На денешниот завршен настан на проектот, за придобивките од проектот и постигнатите резултати, говореа и министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалник на општина Пустец, Пали Колефски, директорот на директоратот за заштита на културно наследство од Корча, Ѓерги Коки, директорката на „НУ Завод и Музеј“ Битола, Мери Стојанова и директорот на Младинскиот културен центар од Битола, Сашо Додовски.