Don't Miss
Home / Вести / АД ЕСМ за распределбата на средствата за енергетската и топлинската криза

АД ЕСМ за распределбата на средствата за енергетската и топлинската криза

АД ЕСМ даде исцрпен извештај пред јавноста за менаџирањето на кризата со електрична и топлинска енергија и за тоа како се распределија средствата од државниот буџет наменети за надминување на кризата.

 АД ЕСМ обезбеди детални податоци за институциите, медиумите и пошироката јавност со цел да се даде увид во начинот на кој Р. Северна Македонија ја управуваше кризата во последните 7 месеци, кога почнаа првите покачувања на цените на енергенсите и нивата отежната испорака.

        ЕСМ ги вложи сите свои капацитети на човечки ресурси, знаење, менаџирање и оптимизација на работата се со цел да ги исполни доделените обврски од Владата на Р.Северна Македонија за надминување на енергетската криза во државата.

Покрај основната дејност и обврска согласно законот за оваа година за снабдување на ЕВН Хоум со електрична енергија во количина од 60 отсто  од потребите на домаќинствата, ЕСМ беше задолжен да обезбеди и менаџира уште 6 други енергетски продукти на пазарот.

        -100 проценти   снабдување на ЕВН Хоум за домаќинствата и малите потрошувачи

-снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на ЕВН Електродистирбуција

-снабдување на електрична енергија за системските загуби во мрежа на МЕПСО

-активирање на ТЕЦ Неготино

-интегрирање на ТЕ-ТО во системот

-управување со БЕГ и Скопје Север поради топлинската криза.

АД ЕСМ прави реструктурирање во системот на работа на електраните и се подготвува за нови предизвици кои би произлегле од енергетската криза и од се уште турбулентите случувања во европскиот и светскиот енергетски сектор, како и навремено подготвување за потребите за  следната грејна сезона.

           АД ЕСМ и во иднина ќе продолжи на отчетен и транспарентен начин да ја информира не само Владата на Р. Северна Македонија, туку и целокупната јавност  за сите намени и распределби на средствата кои би се доделиле на ЕСМ за потреби на менаџирање на кризи со енергија и субвенционирање на граѓаните за енергетските потреби, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*