Don't Miss
Home / Вести / Бимилк 70 години столб на македонското млекопроизводство

Бимилк 70 години столб на македонското млекопроизводство

-Бимилк денес е синоним за квалитет. Ние сме значаен стопански фактор во земјата, поддржувач на сточарите млекопроизводителите, двигател на млечната индустрија во земјата и секако, општествено одговорна компанија со силна поддршка за заедницата.

 Целиот развоен пат и иновативноста на Бимилк се мотивирани од потрошувачите заради кои и постоиме и затоа нашата благодарност ја упатуваме токму до нив за дадената доверба во нашите производи и за постојаниот поттик за проширување на нашата понуда, изјави Петрушев.

Тој додаде дека задржувањето на повекедецениската лидерска позиција на Бимилк е резултат на постојани инвестиции во сите сегменти од работата, посебно со унапредувањето на технолошките процеси и развојот на нови производи. Изминатите пет години инвестирани се повеке од 10 милиони евра во развој на компанијата, вклучително и проекти наменети за заштита на човековата околина.Во изминатите години континуирано вложувавме во нова, современа технологија за унапредување на процесите. Покрај вложувањата во самата компанија, обезбедена е поддршка во форма на поволни заеми и опрема за фармерите во износ од 8 милиони евра. Тоа несомнено покажува дека кооперантите се во фокусот на нашата развојна стратегија, што е особено важно во ова кризно време кога сите чинители во ланецот на снабдување се соочуваме со предизвици какви што не се видени со децении наназад. Препознаени сме како доверлив партнер не само на фармерите туку и од програмата на УСАИД, со кои неколку години по ред имаме билатерални меморандуми за соработка и заедничка поддршка на семејни фарми со развоен потенцијал.

 Како резултат на ова, во 2022 година наш фармер ќе биде меѓу првите, ако не и прв кој во земјата ќе почне со користење најсовремен робот за измолзување.

Ова се значајни инвестиции и за Бимилк, за стабилноста на компанијата и за зацврстување на позицијата како еден од лидерите на домашниот пазар, но и воопшто и за млечниот пазар и индустријата со што го поттикнуваме развојот и воведуваме нови повисоки стандарди”, додаде генералниот директор на Бимилк, Ѓорги Петрушев и додаде:

-Првата млекарница во државата денес го обезбедува пазарот со асортиман од повеке од 80 производи од млечната индустрија, а со развојната стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители, потрошувачите и кон унапредување на процесите во однос на квалитет и квантитет, претставува важен фактор во млечната индустрија на Македонија.

Честитајки им го јубилејот, премиерор на Владата, Димитар Ковачевски рече:

-Им честитам на раководството и вработените во компанијата за овој голем јубилеј. Бимилк денес претставува наш препознатлив бренд и двигател на млечната индустрија во земјава. Бимилк е значаен стопански фактор,поддржувач на локалната економија и на фармерите млекопроизводители и учесник во општествените процеси со силна поддршка на заедницата, во рамките на својата општествена одговорност како темелна вредност на компанијата. Денес Бимилк го обезбедува домашниот и пазарот во регионот со повеке од 80 производи. Директно вработува 220 луѓе, а заедно со соработниците и компаниите со кои соработува, овозможува егзистенција на околу 1.500 семејства во земјата. Успехот на оваа компанија од млечната индустрија се должи на имплементирање развојна стратегија насочена кон фармерите млекопроизводители и континуирано вложување во нова, современа технологија за унапредување на работата”, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Битолска млекара е најголемиот производител на млеко и млечни производи во Македонија, секојдневно задоволувајки ги потребите на повеке од милион задоволни потрошувачи. Од нивните желби и потреби започнуваат сите деловни процеси и активности во поглед на развојот, модернизацијата и стандардизацијата на производството, меѓутоа константната отворена комуникација е она што денес ја прави Бимилк компанија што вистински допира до умот и до срцето на потрошувачот, потенцира Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*