Don't Miss
Home / Вести / Градоначалникот Коњановски со министерот Шакири за проблемите во битолското образование

Градоначалникот Коњановски со министерот Шакири за проблемите во битолското образование

           

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денес имаше средба со Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири.

 На средбата, се разговараше за повеќе прашања кои произлегуваат од економската и енергетската криза во државата, а кои имаат свое влијание во сите области, поради што неопходно е добро менаџирање на состојбите и во училиштата, информираат од Општина Битола.  

Градоначалникот Коњановски, какао што велат од таму, го информираше министерот за идните планови на општината во делот на образованието, како и за моменталните чекори кои се преземаат со цел успешно надминување на недостатокот на средства, кој се појавува поради тоа што блок дотацијата во моментот е доволна само за плати во училиштата, додека материјалните трошоци: снабдување со електрична енергија, нафта и превоз на учениците се покриваат со финансиски средства од општинскиот буџет.

Меѓу другото, Коњановски ги нагласи и проблемите кои произлегуваат од нефункционалноста на државниот испитен центар, за што неодамна на протест излегоа и кандидатите за директори кои со месеци чекаат за обука и полагање на испит, што исто така влијае врз можноста за избор на квалитетни кадри и го блокира процесот на напредок на училиштата.

Министерот Шаќири, потенцираше дека во идниот период, министерството ќе се заложи за заедничко, успешно делување со општината, во насока на обезбедување квалитетен воспитно образовен процес и обезбедување соодветни инфраструктурни услови за образование на учениците, се вели во информацијата од Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*