Познатиот бренд LC Waikiki наскоро ќе отвори продажен салон во старата стоковна куќа на “ Јавор “ наспроти Домот за народно здравје.
Деновиве сите продавачи кои имаа тезги во приземниот дел на Стоковната куќа се иселија и го испразнија продажниот простор, а Стоковната куќа е затворена.
Од добро упатени извори порталот на Битолски весник дознава дека во тој простот ќе се пресели LC Waikiki.