Една од најфреквентните улици во Битола, улицата “ Солунска “ конечено доби асфалт.
Улицата „Солунска“ е дел од проектот „Изградба, реконструкција и рехабилитација на 23 улици“, за кој градоначалникот Коњановски, најави дека ќе биде завршен оваа градежна сезона.
Проектот опфати реконструктивни зафати на водоводната мрежа, мешовитата канализациона мрежа и поставување на нов коловоз.
Денеска градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид на работните активности и асфалтирањето на улицата „Солунска“, со што се завршува втората делница, предвидена со проектот за реконструкција.