Don't Miss
Home / Вести / Професорите незадоволни, бараат оставка на Јаким Неделков

Професорите незадоволни, бараат оставка на Јаким Неделков

           

Членови на Синдикатот на образованието, науката и културата (СОНК) во неколку основни и средни училишта  незадоволни од  одлуката на раководството на СОНК, штрајкот да се стави во мирување  вечерва одржуваат итни сстаноци.

Според информации на Битолски весник на состаноците на синдикатот незадоволните наставници и професори бараат оствака од претседаелот на СОНК, јаким Неделков.

Ова следува само неколку часа откако претседателот на СОНК, Јаким Неделков, изјави дела Советот на СОНК ја донел одлука за мирување на штрајкот и продолжување на наставата во основните училишта од утре.

Одлуката на раководството на Синдикатот дојде откако Министерството за образование и наука (МОН) упати известување до СОНК за мирно решавање на спорот, а повикувајќи се на Законот за мирно решавање на работните спорови, во текот на денешниот ден испрати и барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*