Во организација на Сојузот на пензионерите од Македонија во Центарот за култура во Битола се одржа 20. Регионална ревија на песни, музика и игри.
Домаќин на Ревијата беше Здружението на пензионери од Битола, предводено од претседателката на Извршниот одбор, Даница Петличкова, која ги поздрави сите присутни гости и публиката во големата сала на Центарот за култура, посакувајки им на сите учесници по успешното справување со пандемиата од Ковид 19 добро здравје и убаво да се чувствуваат во градот на конзулите и што поуспешно да ги презентираат своите изведби.
На ревијата настапија неколку пеачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп.
Сите тие презентираа квалитетни изведби , како во пеачката традиција така и во соло изведбите.
На крајот на на ревијата на сите учесници им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.