Don't Miss
Home / Вести / Стевче Митревски добитник на наградата “Тоде Петрески“ на Битолски весник

Стевче Митревски добитник на наградата “Тоде Петрески“ на Битолски весник

Дописникот на МРТВ  од Битола,  Стевче Митревски е добитник на наградата за новинарство “ Тоде Петрески “  за 2022 година, која посмртно Битолски весник ја доделува  веќе 18 години.

Вака одлучи редакцијата на Битолски весник по прегледувањето на пристигнатите кандидатури.

Стевче Митревски во МРТВ е вработен  околу 40 години.

Карактеристично за него е тоа дека тој во МРТВ почнал  да работи како голобрадо момче во техниката, како камерман, а веќе 17 години е дописник од градот под Пелистер.

Тој е исклучително посветен на професијата, трудољубив и голем профсионалец,  кој новинарството го работи со огромна љубов и посветеност.

Покрај секојдневните бројни прилози, вести и животни приказни, кои ги објавува од Битола, негови позначајни остварувања се  сторијата за бабите од  Бабино, репортажата  за единственто дете од Железнец.

Наградата „Тоде Петрески“ на Стевче Митревски  во присуство на членовите на семејството Петрески и колегите новинари,  ќе му биде врачена  понеделник на 30 мај, во 11 часот, во  амфитеатарот на Славјанскиот универзитет во Битола.
Инаку Тоде Петрески ненадејно почина на 30 мај 2004 год.
Тој долги години беше дописник на Радио Скопје од Битола.Како новинар неколку години беше уредник на Дојче Веле во Келн, Германија и на белградскиот дневен весник „Политика“.
Долги години Тоде Петрески беше соработник на Битолски весник.
               

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*