Ортопедот Александар Обедниковски, специјалист на Одделението за ортопедија и трауматологија, е новиот директор на Клиничката болница во Битола.
Обедниковски доаѓа на местото на сега веќе екс директорката Билјана Гагачовска.
Александар Обедниковски е вработен во Клиничката билница во Битола од 2014 година како специјалист ортопед, а од 2018 година тој е субспецијалист трауматолог.