По советничката група на СДСМ и Левица денеска излезе со изјава дека нарушен е нтегритетот на советниците на Општина Битола од страна на владеачката структура на ВМРО ДПМНЕ и ПОИНАКУ.
Во врска со овој случај за кој вчера обелодени СДСМ од Левица велат дека постои сомнение за шпионажа и упад во компјутерските уреди на советничката група на Левица.
-Транспарентноста кон граѓаните и работата во Советот на Општина Битола од страна на советничката група на Левица е повеќе од јавна и со чиста мисла. Прашањето е како е можно по полноќ да се појави слика.на позадина од висок функционер во Совет на ДПМНЕ на повеќе службени компјутери, кои не се мрежно поврзани.
Некој нешто работел, ама погрешил, обвинуваат од Левица и бараат одговорност за случајот.