Don't Miss
Home / Вести / За борците на Битола Францускиот протокол е срамен , лажен и понижувчки

За борците на Битола Францускиот протокол е срамен , лажен и понижувчки

      

        Во врска со случувањата во државата по доставувањето на Францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почетокот на преговорите со ЕУ, со Проглас во јавноста се јави и Сојузот на борци Битола.

За битолските борци и нивните поддржувачи  Протоколот е срамен , лажен и понижувчки, па сметаат дека македонските институции во одреден момент можат да го откажат и спроведувањето на Договорот за пријателство со Бугарија од  2017 година, во оние делови каде се третираат историски и националните прашања, односно во Комисијата за историски и образовани прашања, стои меѓу другото во Прогласот на Сојузот на борци Битола.

          – Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка” туку бараме услов за натамошни преговори да биде признавањето на сувереното право на сопствена македонска историја и образование. Инсистираме сите државни институции инволвирани во процесот да изготват јасна порака до Софија дека никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, јазик и идентитет. Во името на осумте надорни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над 3.000 депортирани Евреи и сите наши сограѓани, апелираме Владата да го прифати овој Проглас и да покаже заслужна почит кон жртвите од НОБ”, потенцираат од Сојузот на борци.

Според нив, Протоколот за македонска интеграција во ЕУ, во форма во која беше презентиран пред јавноста директно ја тангира историјата и има јасна тенденција за ревизија на историската вистина по терк на бугарскиот историографски наратив.

Од Сојузот на борци  забележуваат тенденција за ревизија на македонската антифашистичка историја од профашистички позиции, особено изразено преку делови кои третираат измислен говор на омраза преку спомениците и во учебниците, како и рехабилитација на жртвите од комунизмот.

За нив, вклучувањето на Бугарите во Уставот е неприфатливо се додека официјална Софија води нескриена антимакедонска пропаганда и изразува аспирација за асимилација на македонскиот народ. А македонскиот пат кон ЕУ , велат, не смее да зависи од тоа дали Бугарија е задоволна од исполнувањето на нејзините желби, па затоа да се бараат недвосмислени гаранции од Европа за непречен напредок во интегацијата, се вели во Прогласот на Сојузот на борци Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*