Don't Miss
Home / Вести / Општина Битола во – 2,3 милиони евра

Општина Битола во – 2,3 милиони евра

Четири дена градоначалникот Тони Коњановски молчи во врска со нашите тврдења дека Општина Битола во првиот квартал од 2022 година потроши двојно повеќе отколку што оствари приход.

Со молк на Коњановски и неговите пулени се потврдува нашата констатација – градоначалникот и Општина Битола манипулирале со бројките кога се фалеа дека првите месеци од годинава се најуспешни во последните четири години!

Напротив, првите три месеци од годинава се полоши дури и од времето на гробарот на Битола, Владимир Талески.

Лагата има кратки нозе. Затоа, апелираме до градоначлникот наместо да смислува интриги и манипулации за своето работење, да се однесува домаќински со парите на граѓаните бидејќи и според Министертството за локална самоуправа, Општина Битола во моментов е во долг од 2,3 милиони евра, иако со доаѓањето на функцијата Коњановски наследи полна општинска каса!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*