Don't Miss
Home / Вести / Јадранка нов советник во Советот на Битола

Јадранка нов советник во Советот на Битола

Јадранка Павловска која беше дел од советничката листа на СДСМ и коалицијата на последните локални избри во Битола, ќе биде новиот советник во  Советот на Општина Битола, откако од оваа позиција заминува Зоран Ѓорѓиев -Микша, од коалицискиот партнер НСДП. Досегашниот советник на НСДП во Советот на Општина Битола,  Ѓоргиев, најпрво стана извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, а сега е нов директор на ПУИНГ. 

Павловска е член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола и е долгогодишен партиски активист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*