Don't Miss
Home / Градска хроника / Новиот асфалт стигна до “ Стара чешма “ во Горно Оризари

Новиот асфалт стигна до “ Стара чешма “ во Горно Оризари

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Пеце Милевски, денес извршија увид на текот на работните активности на улицата „Стара чема“, во населбата Горно Оризари.

На оваа улица во тек е реконструкција на мешовита канализација, а работите на два краци од улицата ги реализира КЈП Нискоградба.

По завршувањето на реконструкцијата на мешовитата канализација, ќе следува асфалтирање, со што овој дел на улица „Стара чешма“, за првпат ќе добие асфалт. На средбата со градоначалникот, жителите од оваа населба, нагласија дека со овие активности, значително ќе се променат и подобрат инфраструктурните услови на оваа улица.

-- 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*