Don't Miss
Home / Вести / Голем концерт на Големо езеро на “Сити бенд“

Голем концерт на Големо езеро на “Сити бенд“

Во рамките на  битолското културно лето “Бит фест “ на Големо езеро на врвот на Пелистер се одржа еден специфичен настан, кој поврзувајќи ги културата и туризмот, предизвика голем интерес, посебно кај вљубениците во планината, кои дојдоа да ја почувствуваат убавината на најакустичната природна сцена на Големо Езеро на Пелистер, на 2218 мнв.

Организатор на музичкиот настан  „Високо под ѕвездите“ беше ПСК “Олимпус Монс“ во соработка со Општина Битола.

Настанот почна  со искачување од Нижеполе, од 1.200 метри надморска височина, се до Големо Езеро, каде се искачија над 300 учесници, од 30 градови низ државата, кои имаа можност да уживаат во целовечерен музичко – сценски настан, придружуван со настапот на Сити Бенд.

Тоа што остави дополнителен впечаток од овој настан беше и несекојдневната можност преку телескопот на астрономот Радан Митровиќ да се набљудуваат Месечината, како и планетите Јупитер и Сатурн. Магијата продолжи до раните утрински часови кога од Врвот Ветерница се набљудуваше изгрејсонцето над Големо Езеро на Пелистер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*