Don't Miss
Home / Градска хроника / Почна реконструкцијата на улицата “Булевар 1 мај“

Почна реконструкцијата на улицата “Булевар 1 мај“

Како дел од проектот за реконструкција на коловозот, канализацијата и водоводот, денеска во Битола почна реконструкцијата на улицата “ Булевар 1 мај “ , на потегот од улицата „Добривое Радосављевиќ“ до улицата „4 ти Ноември“.

Во првата фаза од реконструкцијата ќе се врши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 592 метри, а ќе следува промена и  на канализационата мрежа и  поставување на нов коловоз на улицата.

 Вкупната вредност на проектот изнесува 17.802.287 денари.

Со цел  за комплетно завршување и уредување на овој дел на улицата , согласно склучениот договор во март годинава, предвидено е и  поставување на ново улично осветлување со  25 нови канделабри на потегот од „Мал Безистен“ до улица „4 Ноември“.

               Денеска увид на работите изврши  градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*