Пред нешто повеќе од пет години, пред почетокот на изборната кампања за локалните избори, Битола, градот на конзулите и клавирите, како што дотогаш беше позната се стекна и со признание од градот на коцката Лас Вегас во САД.
И покрај тоа што никогаш не беше објаснето во јавноста по кои критериуми и зошто Битола го доби признанието од Лас Вегас, сепак признанието на голема врата и со многу помпа беше промовирано во градот под Пелистер.
Тогаш беше истакнато дека наградата и ја додели Европското здружение за истражување на квалитетот кое својата конвенција ја одржа во светски познатиот град во САД.
Иако тогаш малкумина поверуваа дека Битола заслужи да добие признание во најпознатиот град во светот на коцката, Лас Вегас, сепак, денес, пет години подоцна Битола по се наликува на Лас Вегас.
Битола во последно време со право може да се спореди со Лас Вегас.
Во моментот кога поради енергетската и економската криза најголемиот број од битолчани едноставно се прашуваат како да преживеат и да го истуркаат месецот, во Битола цути коцката и слаткиот живот.
И најпеднатните хроничари кои цел ден шпартаат низ градот веќе не можат со тожност да кажат колку коцкарници и кладилници и казина има во Битола. Некои велат дека ги има близу стотина.
Речиси секој ден во градот, особено во самиот центар на Битола никнуваат казина, каде се коцкааат битолчани.
Иако во светот, во казината, кои се главно надвор од градовите, обично одат да се коцкаат богатите луѓе кои не знаат што да им прават на парите па одат во казината да се коцкаат и убаво да си поминат во прекрасните хотели изградени како во бајките и да уживаат во бројните забави, музички приредби, разни шоу програми, во коцкарниците и казината во Битола навракаат да се коцкаат најчесто насјиромашните битолчани, кои имаат по 100 или 200 денари во џебот и кои мислат дека среката ќе им се насмевне и дека ке се здобијат со некоја голема добивка да се спасат од сиромаштијата.
Речиси целиот град, од самиот влез на патот од Прилеп, па се до излезот за Охрид и на патот за Грција е покриен со коцкарници, кладилници и казина.
Само во центарот на Битола, на самиот Широк сокак ги има вкупно 7.
Деновиве во деловниот простор каде порано работеше УНИ банка, од пред неколку дена изградено е ново казино.
На само стотина метри растојание во самиот центар на Битола ги има вкупно 7 казина, каде битолчани се коцкаат.
Некои од казината се изградени во непосредна близина на основни училишта, а едно од казината, каде се наоѓа и ноќниот клуб “ Голд Фелиција “ го дели дворот со Славјанскиот универзитет, каде студираат стотици студенти.
Поради големиот интерес за коцкање апарати се поставени и во кладилниците.
-Ова навистина е загрижувачки. Јас не знам кој им дозволи толку многу коцкарници и казина да се отворат во Битола. Ги има буквално на секој чекор.
Еден ден може да се случи да се разбудиш и да видиш дека и во твојот двор ти отвориле казино.
Страв ми е за внучето. Ми кажува дека негови другарчиња на големо се коцкаат и парите кои им ги давале родителите да си купат сладолед или сендвич ги давале за коцкање, ни вели една возрасна битолчанка, која не може да се изначуди колку многу коцкарници и казина се отворени во Битола.
Еден друг битолчанец, пензионер ни вели:
-Го колнам денот кога прв пат влегов во казиното на Широк сокак. Од тогаш не можам никако да се откачам од оваа зависност. Секој први кога ќе ми дојди пензијата се колнам дека нема да влезам во казиното, но џабе. Само што ќе ја извадам пензијата од банкомат веднаш ја губам во казината.Ги има на секој чекор и како со магнет ме привлекуваат, ни вели нашиот соговорник.
Градот под Пелистер не само што во последно време е познат по коцката, тој стана препознатлив и по слаткиот живот и големите и скапи журки кои се организираат во ресторанот “ Голд Фелиција”, каде за огромни хонорари кои се мерат со илјадници евра гостуваат најпознатите естрадни српски ѕвезди меѓу кои Јелена Карлеуша, Лепа Брена, Саша Матик, Јелена Томашевик, Аца Лукас…
И додека во Битола коцкарниците никнуваат како печурки по дожд паралелно се зголемува и бојот на аптеките и на финансиските друштва за давање на брзи кредити.
Многумина тоа го коментираат како последица на коцкарниците, бидејки по губењето на парите, несрекните коцкари наминуваат во аптеките и со ситните пари кои им останале купуваат лексилиуми и дијазепами да се смират и заборават на изгубеите пари.
Па така во Битола во моментот додека голем број компании и фирми пропаѓаат, или едвај дишат, буквално цути бизнисот на коцкарниците и аптеките.
Паралелно со тоа се зголемува и бројот на наркозависнциите во Битола.
Иако во последно време инспекторите на СВР Битола постојано излегуваат во јавноста со информации за успешни акции во откривање на наркозависници и наркодилери, во Битола се поголем број граѓани, па во последно време дури и малолетници консумираат дрога.
Ваквата “ преродба “ на Битола, која стана град казино во најголема мера придонесе и да се зголеми бројот на разводите.
Во последно време браковите пукаат во Битола како балони.
Да биди иронијата најголема во добар дел причините за разводите се коцакањето и честото навракање во кладилниците.