Don't Miss
Home / Вести / Академикот Коцарев ќе зборува на Семакедонската предилинденска средба на Трново

Академикот Коцарев ќе зборува на Семакедонската предилинденска средба на Трново

На  2-ри август  во  дворот на црквата “Успение на Пресвета Богородица, во битолското село Трново ќе се одржи  51 традиционална Семакедонската Илинденска средба.

На Семакедонската средба ќе се обрати претседателот на Македонската академија на науките и уметностите д-р проф.Љупчо Коцарев.

Организатори на 51. Семакедонска средба се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија Македон  и Светскиот Македонски Конгрес.

Покрај  претседателот на Македонската академија на науките и уметностите проф.д-р Љупчо Коцарев

на Семакедонската средба ќе се обратат  архимандрит Никодим Царкњас, градоначалникот на општина Пустец Пале Колефски, претседателот на единствената Македонска партија во Албанија Васил Стерјовски и градоначалниците на Новаци и Могила.

        Во рамките на културно уметничката програма ќе настапат КУД “Гоце Делчев“ од Битола, играорни групи од Пиринска и Беломорска Македонија, Софија Кочевска и Соња и Оливер Бенд од Торонто, Канада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*