Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски не ќе може во иднина да назначува директор во една од битолските градинки “ Естреја Овадија Мара “.
Ваквата одлука ја донесе Министерството за труд и социјална политика, кое ја врати неодамна разрешената директорка Лидија Тфирст Митревска и во иднина да директорува со градинката.
Со ваквата одлука на Министерствотоз а труд и социјална политика, само по неколку дена и престана мандатот на .д директорката на градинката, Весна Лозановска.
Министерството за труд и социјала, испратило решенија, за разрешување на в.д директорката Весна Лозановска и за доделување на втор мандат од 4 години на Лидија Тфирст Митревска, како и репение за одземање на ингеренциите на Коњановски, во делот на назначување на директор.
Инаку ова е петта одлука на Министерството за труд и социјална политика за одземање на ингеренции на Коњановски во однос на градинките во Битола.
Да потсетиме Лидија Тфирст Митревска беше назначена за директор пред 4 години и мандатот и истече на 23 јули. Иако Управниот одбор во два наврати ја избра неа за директор, по распишан оглас, сепак Коњановски постави свој човек на оваа позиција, спротивно на одлуката на УО.
Од општина Битола потврдуваат дека денес е доставено решение од страна на Министерството за одземените надлежноста на Коњановски. Но, градоначалникот има свое образложение зошто поставил нов директор на градинката.
Ваквата одлука на МТСПво Општината Битола ја коментираат на тој начин што сметаат дека директорката која беше дадена како предлог од Управниот одбор не беше назначена поради реакции од страна на членови на Управниот одбор за неправилности при изборот и сомнеж за веродостојноста на сертификатот по англиски јазик.
Општина Битола, претходно два пати се обрати до претседателката на Управниот одбор на градинката и до тогашната директорка Лидија Тфирст-Митревска, но документацијата не беше доставена“, стои во реакцијата од Општина Битола .