Don't Miss
Home / Вести / Фирмата која ја градеше градинката во АРМ замина во стечај

Фирмата која ја градеше градинката во АРМ замина во стечај

               

           Од изградбата на детската градинка во АРМ, која  треба(ше) да ја (из)гради  фирмата БВ инженеринг,  со финансиска поддршка на германската компанија “ Кромберг и Шуберт “  нема ништо.

        Според информации на Битолски весник фирмата подизведувач, која била ангажирана од БВ инженеринг за изградба на градинката заминала во стечај.

        Засега не се познати причините поради што фирмата заминала во стечај и кој поднесол стечајна пријава.

        Но самото заминување во стечај на фирмата подизведувач е уште една потврда дека со изградбата на оваа градинка многу работи биле од почетокот матни.

        Имено иако тендерот за изградба на градинката го добила фирмата  БВ инженеринг, подоцна изградбата на градинката му била доверена на друга фирма подзиведувач, која  веднаш прекина со градежните активности,  а сега заминала во стечај.

        Битолски весник во целост ќе го испита овој случај, околу изградбата на градинката во АРМ, во чија изградба учествуваше и германската компанија “Кромберг и Шуберт”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*