Don't Miss
Home / Вести / Во Битола отворен здравствен едукативен центар за Ромите

Во Битола отворен здравствен едукативен центар за Ромите

                       

            Денеска во Битола е отворен  Здравствен-едукативен центар за Ромите.

 Проектот е финансиран од Европската комисија преку Еразмус плус програмата во соработка со други партнери, а вклучени се седум држави каде исто така отворени се вакви центри.

-Се заминаваме со образованите активности, но видовме дека е многу важно да го погледнеме и здравствениот дел. На овој проект му претходеше и истражување, а податоците што ги добивме беа на многу незадоволително ниво. Видовме дека Ромите одат на испитување кога е многу доцна, а не ги знаат бесплатните едукативни програми што ги дава државата. Во следните три години ќе организираме работилници, неформално образование, спортски активности, образовни едукативни камањи, активности за превенција и добивање здравствено осигурување, редовно спортување , здрава исхрана, мерки за превенција од рак, совети за повозраната група околу вакцинирањето на децата, прегледи и тремани на заби“, рече Фатма  Бајрам –Аземовска која заедно со Здружението “ Сумнал “ е , една од иницијаторките за отворање на ваков едукативен центар

Според  Аземовска над 80 проценти од ромското население не знае дека ПАП тест може да се направи бесплатно, жените не знаат дека еднаш на шест месеци или годишно треба да одат на преглед за дојки. Ромите обично  одат на испитување кога е многу доцна за нивното здравје“, рече Фатма Бајрам Аземовска

Инаку ова  е прв ваков центар во државата, а посредувањето меѓу здравствените институции и ромското население ќе се врши преку здравствен медијатор.

-Сето ова  го правиме  со цел да се подобри здравјето на Ромите зашто тие се маргинализирана група. Се определив за медицината бидејќи со неа можеме да доприме до поголме број луѓе , да им помогнеме, а на Ромите им треба таква помош“, рече Мелиса Комина здравствен медијатор за Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*