Ламбе Алабаковски, кој пред неколку месеци го подмета пожарот во културниот центар “ Иван Михајлов “ е осуден на 6 месеци условна казна затвор.
Според информацијата која ја доби Битолски весник од Основниот суд во Битола Ламбе Алабаковски, кој го призна делото, согласно чл. 288 став 1 од КЗ е осуден на алтернативна условна осуда со утврдена казна затвор во траење од 6 месеци, доколку во период од 1 година не стори ново кривично дело.
Според пресудата на основниот суд во Битола, Ламбе Алабаковски се согласил на ваквата казна.
Инаку Ламбе Алабаковски уште за време на истрагата го призна делото, но не кажа од кои мотиви го направи тоа.
Да потсетиме Ламбе Алабаковски од засега непознати мотиви подметна пожар пред Центарот „Ванчо Михајлов” по што беше притворен од битолската полиција и по неколку дена притвор беше ставен во домашен притвор а подоцна му беше овозможено да се брани од слобода.
По пресудата на Ламбе Алабаковски му се вратени двата пасоши, македонскиот и американскиот.