Проблемот за учебниците во основното и средното образование не зависи само од Министерството за образование и наука.Тој ќе се реши во најскоро време, кога ќе се формира Совет во чија надлежност ќе биде решавањето на овој проблем.
Проблемот со учебници не е само во основното, туку и во средното образование.
Мислам во најбрзо време ќе се најде решение, не само за оваа, туку и за повеќе години. Советот ќе ги координира сите работи, зашто сите работи не зависат само од Министерството, туку и од Бирото за образование и други институции.
Ова го изјави министерот за образование и наука, Јетон Шакири, за време на посетата на Унивезритетот “ Св. Климент Охридски “ во Битола, на првиот академски час.
Според министерот во овој и следниот месец ке завршат сите процеси за учебници и во Националната комисија, како и во процесот на печатење на учебниците за учениците од основното образование, кои учат по новиот концепт.
Инаку з авреме на посетата на Унивезритетот, министерот Шакири од страна на новиот ректор на Универзитетот, проф д-р Игор Неделковски беше информиран дека во новата студиска година во Битола се запишале над околу 1.1000 студенти, што е релативно задоволувачка бројка.
Неделковски го информира министерот Шакири дека во нарендиот период посебно внимание универзитетот ќе му посвети на магистерските и докторските студии.