За Детското ликовно студио “ Кирил Методиј “ Битола во овој момент нема начин да се обезбедат средства од Министерството за образование и наука за плата на еден вработен.
По заминувањето на техничкиот секретар на Студиото Анастасиј Хаџи Антоновски, Министерството за обраозавие во овој момент нема начин како да обезбеди средства за финансирање на нов вработен.
За тоа е потребно да се обезбедат средства од Министерството за финансии, но за тоа во овој момент нема услови, бидејки нема согласност за вработување на ново лице.
Ова го изјави министерот за образование и наука Јетон Шакири.
Тој притоа на прашање на новинарите изјави дека од стручните служби сеуште не добил предлог како да се продолжи финансирањето на еден нов вработен во Студиото.
Инаку според зборовите на министерот за образование тој и те како е заинтересиран за решавање на проблемот со издвојување средства за еден вработен, но засега не постоела законска регулатива за тоа.
Затоа тој истакна дека ќе бара начин како да му се помогни на Детското ликовно студио, но тоа би било најдобро по пат на реализација на проекти.