Don't Miss
Home / Вести / Во Битола се снима филм за Мустафа Кемал Ататурк

Во Битола се снима филм за Мустафа Кемал Ататурк

Деновиве на повеќе локации во Битола и околината  се снима  филм „Ататурк“ во продукција на турската продуцентска куќа Ланистар Медиа и во соработка со македонската продуцентска куќа сектор филм.

Овој проект е финансиски подржан од каналот Дизни + на којшто ќе се емитува.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, оствари работна средба со филмската екипа на терен. Режисерот на серијата Мехмед Ада Озтекин, истакна дека ова не е негов прв проект кој се снима во Битола и особено му се заблагодари на градоначалникот за поддршката од страна на општина Битола, која го овозможи снимањето на серијата.

 Градоначалникот Коњановски посочи дека Битола е позната локација за филмската уменост, бидејќи градот сам по себе и културно-историски споменик, кој од дамнина е поврзан со филмската уметност преку браќата Манаки. Во поновата историја на градот, филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ е вистински промотор на градот во светот на филмската уметност. Градоначалникот се заблагодари за можноста која што е дадена од страна на филмската екипа, како статисти во овој проект да учествуваат 1500 лица од Битола и околината, а со реализација на овој проект,  за потребите на продукцијата се исполнети и хотелските капацитети во Битола.

Македонскиот партнер во проектот, Сектор филм, изрази посебна благодарност на големата поддршка од градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, општината Битола, сите нејзини институции, а секако и граѓаните на Битола.

 Без оваа поддршка снимањето на овој обемен проект би бил невозможен. Од Сектор филм се надеваат дека овој проект ќе донесе уште поголема афирмација на Битола и нејзината околина како филмски локации за бројни идни ТВ и филмски проекти.

Инаку, серијата која што го обработува животот на светскиот револуционер и државник, Мустафа Кемал – Ататурк ќе се состои од 6 епизоди.

Главната улога ја толкува младата актерска ѕвезда Арас Булут Ијнемли, познат на македонските гледачи преку неговите улоги во сериите „Како што минува времето“, „Сулејман Величествениот“, „Јама“ и други. Покрај него, серијата има голема актерска екипа составена од бројни познати турски актери и актерки, како и светски актерски имиња од Америка, Србија итн. Покрај бројната турска екипа, во снимањето е вклучена и голема македонска екипа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*