Don't Miss
Home / Вести / Криминална банда од Битола и Прилеп за два месеци извршиле 18 кражби

Криминална банда од Битола и Прилеп за два месеци извршиле 18 кражби

       

Полициски службеници од Криминалистичка полиција при СВР Битола вчера ги лишиле од слобода Б.В.(23) од Битола, Е.В(29) од Битола и Х.В.(52) од с.Канатларци, Прилепско.

 Тие се сомничат дека во последните два месеци извршиле 18 тешки кражби во куќи и ормари на мобилен оператор на подрачјето на Битола, при што одзеле разни предмети, се вели во информацијата на СВР Битола.

Во службен разговор во полициска станица тие ги признале делата. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*