Don't Miss
Home / Вести / Битолскиот театар слави 78 години од основањето

Битолскиот театар слави 78 години од основањето

Денеска НУ Народен театар Битола  слави  78  години од основањето. Одбележувањето почна  од утринските часови во 09.30  со програма за најмладите насловена „Зошто го сакам театарот„. Продолжува вечерва   со Изложба на театарски портрети од Кирил Гегоски и  со Музичко-сценски перформанс „За нашиот театар„. 

Професионалниот театар со работа официјално почна на 14 ноември 1944 година, изведувајќи ја едночинката на Владо Малески – Петтоимениот Ѓоре. Овој датум се смета за ден на основање на Народниот театар Битола.

Првите членови, основачи на Битолскиот театар се: Јорго Цаца, раководител на групата, Вера Вучкова, Димче и Ацо Стефановски, Мери Бошкова, Симо Георгиевски, Славче Матевски, Георги Карев и Јован Бејко. Првиот управник е Аки Павловски (1945).

Од 1980 година театарот работи во нов, исклучително функционален објект, кој на ансамблот му овозможува најдобри технолошки услови за работа.

Од 1945 до 2001 година Битолскиот театар има изведено над 350 премиери и одиграно над 7.000 претстави. Денес тој е несомнено најуспешен театарски ансамбл во Македонија, афирмиран и респектиран не само во поширокиот балкански регион, туку и подалеку.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*