-Исклучувањето на Блокот 1 од мрежата на електро енергетскиот систем, колку и да беше непредвидено е сосема нормално, кога се работи за термоелктрани кои одамнаа го надживеаја својот работен век.
Но неговото исклучување, доколку не произлезат некои други непредвидени дефекти ќе трае најдоцна до понеделник, 21 ноември, уверуваат од РЕК “ Битола “ од каде информираат дека Блок 1 на РЕК Б“итола“ е плански исклучен заради санација на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката.
До исклучување на Блокот 1 дојде планирано за време на викендот заради вообичаено намалениот конзум на електрична енергија во овој период од седмицата.
Електричната енергија од Блок 1 на РЕК Битола, АД ЕСМ ќе ја надомести со зголемување на производството во останатите свои постројки, како и со набавката на струја за која компанијата има веќе склучен договор до 20 ноември.
Инаку да потсетиме Блок 1 беше во ремонт до 15 октомври, кој поради енергетската криза во државата беше изведен за помалку од 30-тина дена, место вообичаените 45 и повеќе.
За време на ремонтот фокусот беше ставен на највиталните делови од постројките кои после техничко-технолошкото освежување треба да обезбедат стабилност на производството.
Инаку од АД ЕСМ велат дека по ремонтот на Блокот 1 се планира ремонт и на Блок 2. Во меѓувреме се очекува во Комбинатот да пристигне трансформаторот за Блок 3, по што РЕК “Битола“ по што ќе можат во погон да бидат вклучен сите три блока.
Во врска со дефектот на Блок 1 изјава даде и премиерот на Владата, Димитар Ковачевски.
-Во РЕК “Битола“ точно е дека имаше протекување на една цевка во еден од блоковите, тоа ќе го санираат вработените кои работат на негова санација.
Исто така третиот блок кој што не е во функција заради тоа што беше изгорен трансфорамторот уште минатата година, тој трансформатор е направен и наскоро треба да пристигне во Битола. Транспортот од Турција ќе биде малку комплициран со оглед на тоа дека се работи за товарот 240 тони, кој што не може да го помине мостот на Ипсала кој што ги поврзува Турција и Грција, и од таа причина ќе биде комбиниран транспорт со возило, со брод до Солун од Солун потоа со возило повторно која што е веројатно едно од поголемите возила во територијата на нашата држава со 10 осовини и да стигне до РЕК Битола, ние веќе ги обезбедиме благодарение на добро односите со грчката влада транспортните дозволи, а ваков вон стандарден транспорт, очекувањата се дека до 22 овој месец треба да пристигне и да се изврши монтажа и со тоа да се пушти и третиот блок во функција., изјави премиерот на Владата, Димитар Ковачевски.