Во присуство на на амбасадорот на Јапонија во Македонија, Савада Хиронори и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во понеделникот на детското одделение во Клиничката болница свечено беше предаден во употреба педијатрискиот ултра звучен ехо аппарат, донација на Јапонската амбасада .
-Ова не е прва донација од страна на Јапонската амбасада за Клиничката болница. Во 1998 година имавме проект за надградба на медицинската апаратура за повеќе одделенија во болницата во вредност од 49. 000 евра. Во 2013 година од Јапонската амбасада добивме проект за комплетна надградба на опремата за биохемиска лабораторија во вредност од 58 000 евра, а оваа донација од педијатриски ултразвучен ехо апарат е во вредност од 52.000 евра.
-Ова е прв ваков апарат за Педијатриското одделение во последните 25 години. Во изминатите години бевме соочени со проблем околку дијагностиката и третманот на децата. Принудени бевме најмладите наши пациенти да ги испракаме во приватни и државни клиники во Скопје, кои исто така беа преоптеретени. Поради тоа, пациентите долго чекаа за преглед и дијагностика, со што се одолговлекуваше и периодот за лекување. Тоа предизвикуваше компликации и трошоци за семејствата на децата. Со оглед дека нашата болница е регионален педијатриски центар, каде што се лекуваат деца од Регионот, со донацијата на овој современ утразвучен апарат се решава овој проблем, рече директорот на Клиничката болнца, д-р Александар Обедниковски.
Амбасадорот Савада Хиронори истакна дека Јапонија во изминатите години финансираше над 60 проекти во здравствениот сектор во вкупна вредност од повеке од 3 милиони евра.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски рече со овој апарат значително се подобруваат условите за ехо дијагностика, а со тоа и грижата на младите.
Тој упати посебна благодарност до Јапонската амбасада и народот на Јапониа, кои со овој 10 грант на ГГП програмата во нашата општина дополнително го потврдуваат континуитетот на нашата соработка како и можноста за нејзино зајакнување.
M.M.