АД ЕСМ преку ЕСМ Продажба ги повикува сите правни субјекти опфатени со одлуката на Владата за субвенционирано снабдување со електрична енергија, а кои ги исполнуваат условите од истата, да се пријават за снабдување со електрична енергија од 01.12.2022г, најдоцна до утре до 14.00ч.
Доколку не биде испочитуван рокот или пријавата се направи со некомплетни документи, пријавеното правно лице, по комплетирање на документите ќе биде вклучено во групата за снабдување од 01.01.2023г.
Повикот се однесува на јавните основни и средни училишта, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици (да се пријават мерните места на станиците) и дел од прехранбената индустрија со соодветните шифри на дејност наведени во одлуката на Владата.